Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска во Виена оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Двајцата соговорници разменија ставови и информации за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат европските земји, како и последиците од економско-енергетската криза.

Премиерот Ковачевски, го запозна австрискиот канцелар со актуелните внатрешно политички случувања во Македонија, изрази задоволство од тоа како тече скрининг процесот и реформскиот процес во земјата.

Ковачевски му се заблагодари на Нехамер за севкупната поддршка од Австрија за процесот на пристапните преговори како и за силната поддршка која ја добива Македонија како на економски така и на безбедносен план. Австрија е силен и гласен поддржувач, партнер и застапник за европската интеграција на Македонија, и на земјите од Западниот Балкан, беше кажано на средбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.