Премиерот Димитар Ковачевски вечерва информираше дека стоковите резерви со жито се на ниво.

Имаше шпекулација за снабдување со пченица и брашно. Во моментов не ги ни користиме резервите. Тоа што беше предмет на јавна дискусија е дел од редовното работење на приватната мелничарска индустрија односно увоз на пченица од Србија и имаме размена со различни држави. Нивото на производство на пченица е зголемено во однос на 2017 година – рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот уште еднаш повтори дека во земјава има непречено снабдување со гориво.

Ние се снабдуваме со гориво преку Грција и таков проблем не постои. Тоа што се случи вчера беше направено од неколку помали продавачи на нафтени деривати кои што ги ограничија количините од шпекулативни причини – информира Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.