Во мандатот на оваа влада од 10 месеци во државата имаме инсталирано 141 мегават обновливи извори на енергија, веќе ставени во употреба, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Нациоаналиот сервис, МТВ.
Ковачевски додаде дека и понатаму се инвестира во зелена енергија и до крајот на мандатот инсталираната моќ ќе биде 300 мегавати, што значи практично колку половина од капацитетот на РЕК Битола, ќе биде од нови обновливи извори на енергија.
-Дополнително преку програмите на министерството за економија се определени финансиски средства за граѓаните за дополнителна субвенција за инсталирање на топлински колектори за вода, фото-напонски централи за домаќинствата. Сменета е комплетно регулативата во делот на инсталирање на фото-напонски централи за домаќинствата ако порано не можеше да се приклучат на универзален снабдувач, сега можат. Ако процедурите со сите дозволи траеја 30, 60 и повеќе денови сега со поедноставувањето на постапката таа е еден ден, нагласи Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека за индустриските капацитети е зголемен лимитот до којшто можат да инсталираат фотоволтаици на крововите на капацитетите.
–Се тоа се мерки, одлуки, закони и инвестиции кои што на долг и среден рок ќе ја унапредат животната средина во нашата држава. Јас верувам дека тоа и ќе се случи. Сите мора да работат кога се работи за таква стратешка цел. И Владата меѓутоа и општините мора да го стават тоа прашање како приоритет, а не внатрепартиска борба и собирање на политички поени, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, во интервју за МТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.