Во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) денеска ќе биде презентирана првата странска инвестиција за 2024 година.
Деспотовски во вчерашното интервју за МИА рече дека се работи за компанија која доаѓа од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија. Капацитетот ќе биде лоциран во ТИРЗ Скопје 1 и според проекциите, до крајот на инвестицискиот период само за плати се предвидени над 15 милиони евра годишно.
Со оваа инвестиција се отвора целосно ново поглавје во однос на типот и квалитетот на вложувањата, посебно од аспект на високи плати и ангажирање млади луѓе со високи квалификации. Компанијата има претставништва во повеќе земји низ светот и веќе вработува млади кадри од државава, но со договорот што е постигнат, бројката дваесеткратно ќе се зголеми, истакна Деспотовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.