Во изјава за медиумите, премиерот Ковачевски посочи дека од страна на Министерството за труд и социјална политика и другите ресорни министри е веќе закажан првиот состанок на кој ќе се разговара за методологијата која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.
Процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата, процес кој заврши во историски договор постигнат на задоволство на сите страни, истакна Ковачевски.
Во однос на методологијата ние имавме веќе едно покачување на пензиите, а следува и уште едно покачување на пензиите меѓутоа низ досегашните разговори и барања на асоцијациите на пензионерите како и низ анализите кои претходно беа правени веќе се пристапи кон разговори од кои што треба да произлезе нова методологија за пораст и усогласување на пензиите. Тоа е значајно затоа што на таков начин ќе може да се обезбеди континуиран и соодветен раст на пензиите бидејќи пензионерите тоа го заслужуваат“, изјави премиерот Ковачевски.
Премиерот потенцираше дека веќе се прават анализи и во однос на пакет финансиска поддршка на пензионерите, земајќи предвид дека се наоѓаме во енергетска криза која што предизвикува и негативни економски последици. Анализите ќе овозможат да се дефинира како износот, така и износот по различна категорија на висина на пензиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.