Прогресивниот данок не се укинува, туку се одложува, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски пред новинарите. Тој објасни дека прогресивниот данок нема да се применува од наредната година, но консултациите со бизнис заедницата и засегнатите ќе почнат веднаш, откри премиерот Ковачевски. Овој данок предвидуваше тие што земаат повиски плати, да плаќат повеќе. Сега ќе се земаат во предвид вкупните примања на семејството, а не само платата на еден член.

Таа дискусија ќе продолжи во иднина. Но ќе имаме консултации и со Стопанските комори и со бизнис заедницата, оние кои го плаќаат данокот за своите вработени. И ќе треба ново софтверско решение за УЈП, кое ќе треба да ги гледа вкупните примања во домаќинството, изјави Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.