Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, најави намалување на цената на електрична енергија на регулираниот пазар за малите потрошувачи, бидејќи како што вели актуелните цени се причина за затворање на голем број на економски субјекти.

Индустриската струја вообичаено е поскапа од таа за домаќинствата, а од 1 јули нејзината цена уште повеќе се зголеми во однос на таа за домовите.

Владата прави напор во делот на малите потрошувачи да има намалување на цената. Тоа се 65.000 субјекти, а имаме информација дека 7.000 правни субјекти веќе затвориле. Треба да се помогне на таа категорија на потрошувачи, тука ќе има значително намалување на цената – најави Ковачевски.

Првиот човек на ЕСМ потврди дека цената на парното останува иста до 31 април, односно до крајот на грејната сезона, додека кај електричната енергија за домаќинствата се размислува да има поевтинување за потрошувачката во првите два тарифни блока.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.