Индустриските зони во Велес имаат сериозна потреба за развој, а соодветна патна инфраструктура е еден од приоритетите кои се стремиме да ги реализираме, напиша на фејсбук профилот градоначалникот на Велес, Марко Колев.

Денес, заедно со потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска, и Антонио Милошоски, член на ИК на партијата и пратеник во Собранието на Република Македонија бевме на увид во Индустриската зона УЗУС каде се отпочна со изградба на две нови улици. Заедничкиот заклучок на сите е дека е неопходна кохезија со централната власт и достапна поддршка за реализација на предвидените проекти.

Заедничка е одговорноста да делуваме за развој на индустриските зони, со што значително ќе се придонесе за унапредување на потенцијалот кои овие зони го имаат за создавање на нови бизнис можности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.