Заменик-премиерот Фатмир Битиќи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека кога граѓаните ќе видат дека пратка стигнува за 6-7 дена, истите прекинуваат да ги користат услугите на Македонски пошти.
„Јас не сум склон секогаш продажба и приватизација. Има други модели, модели на јавно-приватно партнерство кое што ние не сме ги испробале доволно во нашата земја, а можат да го дадат истиот ефект. Сметам дека во Македонски пошти пристапот е многу јасен. Да се постави добар менаџмент и волја од сите страни“, вели Битиќи.
Според него, се знае дека ваков модел не генерира резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.