Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе донесе нова одлука за цената на горивата.
Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата кои ќе бидат на сила од полноќ од 00:01 часот 21.04.2022 година, изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.
Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.