Информациите дека цените на горивата од идната недела ќе се зголемат за дури 10 денари по литар создадоа километарски колони на бензинските пумпи. во сите градови. Возачите не се вознемирени дека гориво ќе нема, туку брзаат да наточат по пониски цени.
Макпетрол ги известува потрошувачите дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на бензинските пумпи на оваа компанија и покрај фактот дека во овој момент Макпетрол работи со загуба.
Компанијата апелира до потрошувачите да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини за да не ја загрозат општата безбедност на граѓаните, објави Телма.
Вработени во Макпетрол од Тетово и од Скопје потврдуваат дека на дел од нивните пумпи не се точело гориво во вредност поголема од 1.000 денари.
„Од вчера на некои пумпи во Тетово и околината не беше дозволено да се точи гориво за повеќе од 500 до 1.000 денари, а денеска добивме забрана да точиме во канти, дозволено е само во возила. Многу луѓе доаѓаа со по десет-дваесет канти, но ги враќавме,“ вели за „Слободен печат“ вработен во Макпетрол.
И струмичките медиуми јавуваат дека на бензинските пумпи во овој град има редици.
На совојалните медиуми се објавуваат видеоснимки од километарските колони пред пумпите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.