Ребалансот на Буџетот се очекува да биде разгледан на денешната владина седница. По усвојувањето треба да биде пратен во Собранието на Република  Македонија каде се очекува да биде усвоен до почетокот на август.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во изминатиот период за медиумите информираше дека ќе има пари за плати и пензии и за се она што е преземено како обврска согласно закон, а дека ќе се крати од непродуктивните трошоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.