Директорот на Царинска управа Бобан Николовски, информира дека на состанок со генералниот извршен директор на компанијата „Лидл македонија“, Рубријан Хаџиев, истакнал дека Царинската управа е целосно транспарентна и отворена кон бизнис заедницата се со цел побрзо отпочнување на планираните инвестиции во државата и зголемување на вработеноста.

Во Куманово во тек е изградба на логистички центар во чии рамки планираат да имаат локално царинење при што ние како Царинска управа ќе им помогнеме во процесот.

 

Со Хаџиев и неговиот тим имавме одлична дискусија за нивните тековни активности и спроведување македонски недели во други земји во рамки на кои во маркетите на Лидл се продаваат македонски производи. Ми пренесоа дека одат кон остварување на целта во нивните маркети овде голем дел од производите што ќе се продаваат да бидат македонски производи.

 

Воедно во однос на извозот нивната интенција како што ми пренесоа е поголем редовен пласман на македонски производи во маркетите на Лидл, со што за нашите компании ќе се отворат нови пазари, вели Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.