Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска информираше дека е иницирана постапка за одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа
Министерството за финансии ја иницираше постапката откако од УЈП како надзорен орган на приредувањето на игри на среќа го доби записникот од извршената надворешна контрола над работењето на овие друштва“, рече Кочоска.
Нагласи дека првичното барање од Министерството за финансии за добивање на записникот до УЈП е доставено уште во јули 2023 година по што се направени неколку ургенции, а конечно е постапено од страна на Управата дури во јуни 2024 година, откако доаѓа новото раководство.
Во одговор на новинарско прашање рече дека не може да се направи точна проценка за штетата врз Буџетот, но додаде дека станува збор за голем износ. Дополнително ќе треба да се утврди дали двете друштва се поврзани со поранешни функционери. Едното, како што кажа, не е од Скопје.
Едното од друштвата е основано во 2022 година и од 2022 година до денес нема ниту еден денар платено каква било давачка кон буџетот и сето тоа е констатирано во записник од страна на УЈП. Дали има одредени оштетувања кон буџетот – има, затоа што има пред се давачки коишто согласно законот требало да ги плаќа, посочи Димитриеска Кочоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.