Американската компанија „Вабтек“ е новата странска инвестиција која ќе вложи 35 милиони евра во земјава и со која ќе се отворат 100 работни места. Компанијата ќе инвестира во производство на сопирачки за шински возила.

Името на новата инвестиција го објави премиерот Христијан Мицкоски кој во Вашингтон имал средба со извршниот потпретседател на компанијата.

По инвестицијата од 500 милиони долари на „Алказар Енерџи“ во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија „Епсотех Аим“ во Петровец од 20 милиони евра, американски „Вабтек“ ќе инвестира во Македонија. Компанијата „Вабтек“ е дел од петстоте најголеми компании во САД.

 

Остварив средба со извршниот потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра. Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила. Поголем извоз за подобра иднина, објави Мицкоски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.