Конкурс за нови 355 вработувања распиша ЈП Македонски шуми. Според објавениот оглас дрвосечачи се бараат во повеќе општини а како главен критериум за вработување е посочува етничката припадност. Апсурдноста на огласот е во тоа што на пример во општина Берово се бараат 12 дрвосечачи и тоа албанци. Во оваа општина според последниот попис од 2021, живее само еден Албанец. Но за вработување Албанци се бараат и во други етнички македонски општини како Крива Паланка, Демир Капија и Кавадарци. И таму пописот покажа дека се општини во кои има по еден или пак воопшто нема Албанци.

Национални шуми е дел од бројните државни претпријатија кои периодов пред формирањето на техничката влада масновно вработуваат. Пред неколку дена голем револт во јавноста предизвика и огласот за вработување на 6 специјалисти во Клиниката за гинекологија, со главен критериум исто така етничката припадност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.