Ова што сега се предлага како даночна реформа воопшто не е даночна реформа оти сè останува исто. Јас и пред да влезам во Министерствито за финанси зборував за даночни реформи и прогресивен данок со кој богатите требаше да плаќаат повеќе данок од сиромашните. Ние во Македонија имаме обратна ситуација – сиромашните плаќаат сразмерно повеќе, вели поранешниот владин советник Бранимир Јовановиќ oд Виенскиот институт за меѓународни економски студии во денешното „Студио 10“ на ТВ24.

Во однос на инфлацијата, Јовановиќ вели дека таа ќе продолжи и дека во голем дел се должи на алчноста на некои компании кои неосновано ги покачија цените.

Корупцијата доаѓа од врвот, а не од чиновниците. Сè додека не видиме некој од високите функционери да заврши в затвор поради корупција, нема да има вистинска борба против корупцијата, вели Јовановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.