Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ зборуваше за целата ситуација во која се наоѓа државата и потенцираше дека премиерот Ковачевски нема план како да се справи со целата ситуација. Тој исто така укажа дека  уште во месец април-мај го советувал Ковачевски што се треба да направи.

Јас го советував премиерот Ковачевски уште април/мај месец, уште тогаш го советував премиерот Ковачевски што треба да направи. Сега го советувам тоа што требаше да го направи минатата година април/мај, да го направи сега за следната година да не се доведеме до оваа ситуација и да ни требат нови две и пол милијарди,затоа што немаме од каде да ги најдеме, немаме ние купче пари и колку нас ни е потребно да си земеме со раката и да си трошиме, рече Мицкоски.

Тој во текот зборуваше и за енергетска криза и посочи дека секакви сценарија можат да се случат, но зависи од власта дали ќе ги превземем работите во свои раце за да може да се заштити стандардот и бизнисот.

Видете се може да се случи, зависи како ќе се развиваат работите. Ако минатата година некој ви кажеше дека вака ќе ескалираат работите, тогаш можеби мал број од луѓето ќе ви кажеа  или никој дека до ова ќе дојде бидејќи во февруари се случи тоа што се случи во Украина. Еве сега се случува целосно бомбардирање на голем дел од производните енергетски капацитети во источниот дел на Украина. Најголемата централа е надвор од употреба, термоцентралите се бомбардираа, тоа се десет, петнаесет илјади мегавати наеднаш ги нема во Европа, сопрен е гасот, когеренативните централи кои произведуваат топлина и струја нема да функционираат. Сакам да кажам тоа се сериозни предизвици со кои ние многу малку можеме да влијаеме како Македонија. Но затоа можевме да се подготвиме барем да го заштитиме стандардот и бизнисот, но не ме послушаа, тогаш велеа дека ја имаат работата под контрола, дека знаат што прават, дека јас сум тој кој крева паника и така натаму. Но еве ги советувам и сега  и догодина ќе биде криза, тоа што ве советував април,мај за оваа година направете го за следната година и под итно барајте пари, затоа што ќе нема пари и ако има ќе бидат многу скапи, дека ќе имаме тешка зима ќе имаме, ние не сме дојдени до есента, уште сме календарски во летото, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.