Во коментар за случувањата на геополитичката сцена, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во дневникот на Сител Телевизија, истакна дека тие негативно ќе се одразат на и така лошата економска состојба во која се наоѓа државата.
-Ако на оваа катастрофална економска состојба каде што во првите 48 дена имате повеќе од 10 милијарди денари дефицит, тогаш замислете што можете да очекувате понатаму, истакна Мицкоски,
Според него земјата веќе треба да се подготвува за сценарио на сериозна енергетска криза, на сериозна финансиска криза како што тоа го прават сериозните земји, а не како што владата правеше досега.
-Ние имаме во оваа година 6,7 проценти инфлација, храната и безалкохолните пијалоци за 10% се зголемени. Значи, за 10% се зголемени 9,2%. Вие имате масла и масти за 26,1%. Состојбата е катастрофална и затоа и ликвидноста во буџетот колку толку е добра поради зголемената инфлација, но куповната моќ и стандардот на граѓаните е катастрофален, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.