Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја, велат оттаму, додавајќи дека ќе презентираат „корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат“.

Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски наведувајќи примери со кои преку едукативните активности планираат да поттикнат штедење струја.

Според некои експертски анализи, наведе Арсовски, доколку се почитуваат овие и други препораки, може да се заштеди струја и до 50 проценти.

Препораките предизвикаа многу реакции во јавноста, а меѓу нив е одговорот и на познатата активистка Ина Многуфина.

Штедиме заедно денес за да имаме утре, е слоганот со кој Владата од денеска со едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. “Кратко туширање ќе ве освежи и ќе ви заштеди струја, вода и пари, а од тоа сите ќе имаме корист”. Ок до тука. Сега јас имам нешто нејасно, ако излезете надвор ноќе ќе водите дека сите објекти се со уклучени реклами, бензиските се ко Лас Вегас уште касата не им шљашти, салони и продавници затворени светат цела ноќ, реклами на згради светат 24/7, банки исто. Иде нова година ќе се кити ќе свети секој локал… па не може краткото туширање да заштеди толку колку што овие можат да потрошат. Ако важи штедење нека важи за сите, се што не е нужно нека не свети. Не може само домаќинствата да штедат со кратко туширање и мало тенџерче додека реклама или име на фирма свети цело време. Што е нужно у време на криза да го видам името на банка или осигурителна компанија? Па знам кај се, затворени се и не можам да завршам ништо ноќе кај нив. Нека се тушираат и они кратко, пишува Ина Многуфина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.