Имаме работа со најнеуспешната и најкриминалната Влада и со влада која нема никаква визија како да ја развива Македонија и да ги направи граѓаните среќни, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вториот дел на интервјуто на „Република“ во кое говориме на економски теми.

Според индексот на мизерија сме најсиромашната земја според листата на транспарентност ние се најкорумпирана земја. По странските инвестиции сме последни на Балканот, дури и Косово е пред нас, Бугарија, Србија, Албанија се многу пред нас. По секој параметар оваа влада е најнеуспешна и тоа е уште еден аргумент плус да одиме на избори – забележува Мицкоски во интервјуто.

За него е наразбирливо што власта ги одби амадманите на ВМРО-ДПМНЕ за помош на младите за потоа да се обидат со неколкумина студенти да фингираат дијалог со некредибилни претставници на студентите кои се членови или блиски на СДСМ.

Тоа дополнително ги подгреа чуствата на студентите во негативна насока и дополнително стимулира нервоза кај нив. Единствен виновник за одливот на млади и паметни е оваа влада. Се сеќаваме кога пред владата редеа чевли па велеа колку луѓе се иселиле па дека кога тие ќе дојдат на власт ќе ги вратат. Напротив, бројот на заминати е неколкукратно зголемен.

Мицкоски објаснува зошто Македонија плаќа најскапа струја во регионот.

Според Евростат во првата половина од 2022 година македонското стопанство плаќа убедливо најскапа струја.Ако се вратиме пет години наназад во 2017 година тогаш стопанството плаќало најевтина струја споедено со земјите во регионот.Тоа само по себе ја прави македонската економија и стопанство неконкурентни и голем дел од компаниите ќе треба да затворат а тоа ќе се зголеми и невработеноста.

Лидерот на опозицијата останува на ставот дека нема да гласаат за заемот од 100 милиони евра ако тоа значи затворање на РЕК Битола и Осломеј.

Говоревме и за инфлација и зошто таа е најголема во Европа и дека таа е резултат на неспособноста на власта.

Ако е увезена, како тогаш во ЕУ  е двапати помала од Македонија, таму е околу 10 посто, а кај нас 20. Ние имаме убедливо највисока инфлација и тоа значи дека се неспособни. Власта сега ко креира буџетот за следната година и велат дека ќе имаат историски буџет во делот на расходите од 5,3 милјарди евра. Но, исто така и во приходната страна односно од тоа што го собираат од граѓаните и од стопанство ќе бил рекордно висок. И сега како тие калкулираат дека ќе имаат дополнителни приходи. Велат дека поради високата стапка на инфлација која што ја предвидуваат на 7,7 проценти и поради тоа што предвиделе раст на БДП од 2,9 посто што демек ќе стимулира потрошувачка ќе имале повеќе пари во буџетот од 400 милиони евра. Сметаат и на 80 милиони евра грантот од ЕУ и останатите се од даноци.Но кои даноци: данокот на приход, данокот на личен доход и скалестото одоначување. Затоа треба бизнис заедницата и стопанството.

Мицкоски е шокиран од постојаното зголемување на јавниот долг

Јавниот долг е зголемен за 400 милиони евра за еден квартал а откако е дојден СДСМ  за 2,5 милијарди евра.Ова е премногу и е шокантно. Тоа е по 700 евра од семејство. Толку не има задоволжено СДСМ од први јули до 30 септември оваа година. И тоа не би било толку проблематично кога би пораснал БДП за три-четири милијарди. Проблемот е што долгот пораснал за 2,5 милијарди евра а БДП пораснал за 1,7 милијадри , што значи дека 800 милиони евра некој ги украл.

Лидерот на опозицијата нагласува дека оваа власт нема ниту една нова странска инвестиција.

Немаат проактивна политика за привлекување на странски инвестиции, нема нова ниту на повидок. Тие можат да држат лекции само за крадење додека се таму. Додека Спасовски го држи МВР, додека имаат Обвинителство и судство ќе биде така. Кога сето тоа ќе биде ослободено од овие луѓе ќе си дојде и одговорноста.

За задолжувањето од 500 милиони евра од ММФ.

Откако ја донесоа државата во бездна и ја доведоа во прашање ликвидноста на државата и редовната исплата на плати, пензии, обврски кон стопанството сега се обраќаат до единствените институции кои стојат на располагање а тоа се ММФ и Светска банка. Добро е од таму што позајмуваат бидејќи бидејќи ќе има зголемен мониторниг на трошењето.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.