Поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Анастасија Илиеска преку статус на Фејсбук пишува дека не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала.

Не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала. Суштината е во зголемена вредност на плата, а не во зголемен номинален износ.
Исплатена месечна нето-плата во Македонија за месец април 2023 година била 36.134 денари (ДЗР).

Индексот на просечната месечна исплатена плата за периодот Јануари-Април 2023 година во споредба со истиот период од 2022 година има зголемување од 113,3%. Но, Индексот на РЕАЛНАТА плата за периодот Јануари-Април 2023 во споредба со Јануари-Април 2022 година е 98,3%.

Препорака:

Ако тоа не можете да го забележите од статистичките податоци,тогаш прашајте ги граѓаните. Еднаш слушнете го народот што кажува, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.