Во вчерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ гостуваше Анастасија Илиеска која што истакна дека власта нема финансиска стратегија, нема реформи во економијата и со тоа создава несигурност, нестабилност и непредвидливост во стопанството.

„Јас сум застапник секогаш на пониски даноци, заради тоа што пониските даноци не само што не ги оптеретуваат компаниите за да ги платат, туку тие веќе не ни размислуваат на кој начин да ги избегнат. Дури и на тој начин ќе се намали и сивата економија. Сивата економија е некаде 33 проценти од бруто домашниот производ во Македонија, 4,3 милијарди евра, за споредба во ЕУ е некаде околу 19 проценти. А, 50 проценти од причините се висината на даноците. А, ако ние имаме систем каде што имаме рамноправност и неселективност на тој начин полесно ќе се сузбива сивата економија“, посочи Илиеска.

Илиеска истакна дека власта нема економска стратегија, не постои даночна реформа и со тоа создава несигурнoст, нестабилност, и непредвидливост во стопанството.

„Кога сме кај ретерирањето зимата се донесе во рамки на измените на данокот за додадена вредност оние најмали компании кои што имаат приходи до 3 милиони денари годишно да си плаќаат данок на добивка. Тие досега беа ослободени како категорија на помали компании кои што обично се семејни бизниси имаат еден до двајца вработени и буквално не ја оптеретуваат државата како социјални случаи. Тие се систем алка во економијата каде големите компании зависат од нив. И ова беше во таа фамозна реформа, даночна реформа и дека сега тие измени ги нема, и добро е што ги нема ние гласно зборувавме тогаш. Но од друга страна цело време зборуваме за некоја стратегија, за некоја даночна реформа, а цело време наназад се враќаме и ретерираме. Со тоа ситуацијата и атмосферата што се создава во економијата, во стопанството е несигурност. Создава нестабилност и една атмосфера дека секој момент може нешто да се смени, непредвидливост“, нагласи Илиеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.