Наместо пониска од берзанската, добија струја по берзанска цена плус маржа. Неколку клиники и инситуции кон средината на декември склучиле договор со ЕСМ Продажба за набавка на струја според пазарните цени на берзата ХУПЕКС. Договорите објавени на страницата на Бирото за јавни набавки покажуваат дека здравствените установи и натаму ќе плаќаат берзански цени. ЕСМ продажба склучи договор вреден 2,6 милиони евра со 8 државни Клиники и институти по просечна цена на берзата на ХУПЕКС плус 5% трговска маржа.

Цените ќе бидат променливи во зависност од нивното движење на берзата. Кон крајот на септември премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес-конференција најави понски цени на струјата од берзанските за јавните здравствени установи, кога Кличинкиот центар се соочи со закана од мрак поради неплатени сметки за струја. Владата плати дел од долгот, ветувајќи бенефицирана цена за целото јавно здравство.

Од друга страна пак ЕСМ Продажба, пред неколку дена ги продаде своите ноќни вишоци на фирмата ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ Скопје, и тоа по цена од 98 до 103 евра за мегават час. Во одредени периоди кога ЕСМ Продажба ги продава своите ноќни вишоци цената на берзата е повисока од онаа на компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.