И таа средна класа на луѓе кај нас кои што стигнуваат со 72.000 – 73.000 денари, со две просечни плати, дури и тие не можат докрај да ги реализираат работите кои се потребни за едно нормално семејство. Тоа е средна класа која е витален дел на општеството, изјави Абил Бауш, економски аналитичар, во вчерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.
Ако тој витален дел на општеството го ставате во ситуација да плаќаат 37 отсто само за елементарни производи. И доаѓате во ситуација во која бројките не ве лажат. Кога просечната плата ќе ја калкулирате со вработените во сите сектори, ќе видите дека тоа се многу алармантни бројки, вели Бауш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.