На сите им е тешко, но на Македонија ѝ е најтешко, рече поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на „Телма“, во однос на енергетската криза и ценовниот шок.
Хајредини за изјавите на владата на СДСМ дека најенергично одговориле на кризата во регионот вели дека тоа не точно, укажувајќи дека смета дека и тие од власта не си веруваат во ваквите изјави.
Вината е зошто во услови кога на сите им е тешко, на Македонија ѝ е најтешко, кога и околните земји не се во тешка ситуација како кај нас. Имам критика кон претставниците на власта што ја опишуваат состојбата „нашата влада даде најенергичен одговор во регионот на Западен Балкан на енергетската и ценовната криза“. Но, јас мислам дека тоа апсолутно не е точно и греши владата и претставниците, дури сметам дека ниту тие самите не веруваат во своите оценки дека ситуацијата е добра, смета тој.
Во однос на спас на стопанството од енергетската криза, Хајредини потенцираше дека владата не ги сфаќа сериозно барањата на бизнис секторот, односно како што рече тие како да не живеат во иста држава бидејќи додека стопанството има барања за излез од кризата, владата им одговара дека е најуспешна од сите земји во справување на кризата,
Тие реално ништо не понудиле на бизнис секторот. Тие како да не живеат тука, тие велат дека најенергично сме одговориле на енергетската криза и ценовните шокови. Тие воопшто не го доживуваат бизнис секторот и не го сфаќаат сериозно, бизнис секторот им вели имаме барања, владата им враќа ние сме најуспешни од сите земји, истакна поранешниот министер за финансии Хајредини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.