Дел од граѓаните, особено оние повозрасните со низа нејаснотии за новите цени на струјата кој вчера ги објавија РКЕ и за начинот на пресметките, објави Телма.
И дел од експертите се согласни дека голем дел од луѓето не разбрираат што значи новиот тарифник и дека лграѓаните ги интересира колку треба да платат и зошто се нивните сметки повосоки.
Вчера РКЕ соопшти дека цената на струјата од први јули во просек ќе се зголеми за 7, 4 проценти. Поскапување на киловатите ќе има кај сите домаќинства и оние кои се во првиот и оние од последниот блок. Најмало поскпување од 5, 5 проценти ќе добијат оние кои ќе трошат до 210 киловат часови, а најголемо зголемување на цената за дури 140 отсто ќе имаат оние од последниот блок со потрошувачка над 1050 киловати. Минимално поскапува и евтината тарифа. На страната на РКЕ е поставен калкулатор со кој граѓаните можат да пресметтаат врз основа на потршените киловати во висока тарифа колку ќе треба да платата. Новата цена на струјата и тарифникот за пресемтка важат од први јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.