Во јуни е забележен е годишен раст од 7,2% на вкупните депозити и раст  од 6,4% на вкупната кредитна поддршка, покажуваат податоците на Народна банка.

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 7,2%, како резултат на зголемените депозити на двата сектора, со значително поголем придонес на секторот домаќинства.

– Во јуни, вкупните депозити забележаа месечно зголемување од 0,4%, што во целост се должи на повисоките депозити на корпоративниот сектор – велат од НБ.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,4%, што произлегува од растот на кредитите на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на секторот домаќинства.

Кај кредитите на домаќинствата, во јуни e забележано месечно и годишно зголемување од 1,0% и 7,1%, коешто во поголем дел се должи на зголеменото кредитирање во денари, при раст и на кредитите во странска валута.

Од податоците се гледа дека граѓаните најмногу се задолжуваат за купување автомобили и станови. Во јуни автомобилските кредити се зголемија за 7,5% на месечно ниво, додека годишниот раст изнесува 25,3%, додека потрошувачките и станбените кредити бележат месечен раст од 0,8% и 0,9%, при годишен раст од 5,8% и 10,2%.

Кредитите одобрени на кредитни картички се пониски на месечна и на годишна основа за 0,3% и 8,0%,

Овој месец, негативните салда на тековните сметки бележат месечен и годишен раст од 5,7% и 7,9%, соодветно, додека кредитите одобрени по други основи, во јуни, се пониски за 2,0% на месечно ниво и 18,8%, на годишно ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.