Владата треба да знае, бездруго и опозицијата, дека најскап производ е оној што го нема. Со административните интервенции во областа на цените таа се однесува како слон во продавница на порцелан. Во нив нема ништо темелно обмислено, вели за „Фокус“ поранешниот гувернер на Народната банка и аналитичар Петар Гошев.

Како да реагираат луѓе во паника, опседнати со емитирање на популистички сигнали. Се води натпревар со опозицијата, која секогаш предничи, кој ќе исплука поглема и поштетна популистичка плуканица. Мерките за смирување пак или ублажување на инфлацијата не сметат да бидат контрадикторни: едни да се насочени кон нејзино смирување, други кон нејзино забрзување. Во Македонија, во моментов, токму тоа се случува, додава тој.

Според Гошев, во моментов, со зголемена инфлација и последиците од неа, кои траат веќе две години, се соочуваат најголемиот број држави во светот. И, сите влади се критикувани, зашто насекаде е нападнат животниот стандард и „вообичаеното спокојство“ на граѓаните – некаде повеќе, некаде помалку.

Повеќе на „Фокус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.