Поразителни за домашните прехранбени компании се резултатите кои дојдоа по замрзнувањето на цените на лебот и маслото за јадење (мерка која важеше од почетокот на декември 2021 година па до крај на февруари 2022 година), анализира „Фактор“.

Нути граѓаните не се задоволни од мерките кои беа преземени за заштита на нивниот стандард. Во бројните телевизиски анкети во овој период најбројни беа поплаките дека не може да се најде масло по цени пониски од 90 денари за литар и бројни анкетирани лица беа револтирани затоа што цените за литар сончогледново масло надминуваа 110 денари за литар. Тоа направи стампеда по маркетите, а во еден случај медиуми известуваа и за физичка пресметка меѓу купувачи и продавач во еден од маркетите на КАМ.

Во извештај на најголемата домашна прехранбена компанија „Витаминка“ за периодот во кој Министерството за економија предложи, а Владата пресече со замрзнување на малопродажните цени пишува: Во периодот на замрзнување, во кој работевме со големи загуби од продажбатана маслото за јадење „Брилијант“, Само за февруари таа загуба изнесуваше околу 190.000 евра.

Целата анализа на „Фактор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.