На 14 јули секретаријатот на Европската енергетска заедница иницираше процедура за покренување постапки против Србија бидејќи не ги имплементирала кодовите за мрежно поврзување, против Македонија затоа што не ја имплементирала РЕМИТ регулативата и против Косово, бидејќи не ја имплементирала Директивата за оценување на влијанието врз животната средина.
Енергетската зедница ќе покрене процедура против трите земји бидејќи не ги имплементирале во договорните рокови.
Кодовите за мрежно поврзување, кои се однесуваат на Србија ги поставуваат карактеристиките за поврзување во мрежата на генератори и системот за висок напон, и требало да бидат имплементирани до 12 јули 2018 година.
РЕМИТ регулативата ги поставува правилата за обезбедување на интегритетот и транспарентноста на пазарот на енергетскиот пазар, а требало да биде воведена до 29 ноември 2019 година.
Директивата за влијанието врз животната средина, пак, Косово требало да ја воведе до 1 јануари 2019 година.
Засега нема информации од владата за каква постапка и регулатива станува збор.
Од МЕПСО за Телма посочија дека до нив не стигнала никаква информација за ова, служите проверуваат по што ќе соопштат во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.