По еден месец непрекината работа, утрово од електроенергетскиот систем е исклучен РЕК Осломеј. Поволните временски услови и добрата кондиција во која се наоѓаат производствените капацитети на АД ЕСМ, особено РЕК Битола, овозможија исклучување на РЕК Осломеј со цел да се интервенира на неколку позиции во термоицентралата.

Во следните неколку недели во РЕК Осломеј планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата.

Во меѓуврeме, со работа продолжуваат сите останати капацитети на АД ЕСМ со цел до крајот на грејната сезона да се обезбедат сите потребни количини на електрична енергија исклучиво од домашно производство, стои во соопштението на ЕСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.