РЕК Осломеј е во 48-часовен прекин поради пукната цевка, како најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира, соопштија од АД ЕСМ.

Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред се со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола.

Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежа од сабота, 29.10.2022г.

Напоменуваме дека РЕК Осломеј во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на силните инвестиции кои беа направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020г во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси итн.

Како резултат на тоа се забележува зголемено производство, така што заклучно со вчерашниот ден, производството од Осломеј достигна 219 GWh.

Со тоа РЕК Осломеј го исполни и го надмина планот за производство за 2022, велат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.