Новиот менаџмент на АД ЕСМ и РЕК Битола тврди дека тендерот за ангажирање работна сила за машински интервенции во РЕК Битола е спроведен согласно законските прописи и без сомнежи за злоупотреби.

Како што се наведува во соопштението, јавниот повик за тендерот бил објавен во мај 2024 година, а процедурата за избор на изведувачи е завршена од претходното раководство.

Договорот со Марковски Компани бил потпишан на 7 октомври, откако е направена анализа на пазарните цени, која покажа дека понудените цени се за околу 40% пониски во однос на предходните години.

ЕСМ нагласува дека не планира политичка селекција на компании во јавните набавки и дека сите понуди ќе бидат подложни на детална проверка согласно Законот за јавни набавки…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.