Електрани на Македонија (ЕСМ) ќе набавува гас од „Макептрол“ за месец март, бидејќи домашната компанија на тендерот, понуди најповолна цена од 60,10 евра по мегават час без ДДВ. Станува збор за количини од 1.200 до 2.300 мегават часа гас дневно кои се наменети за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за стопанските субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ продажба. На тендерот, покрај „Макпетрол“, се јавија и бугарските копании „Балкан Јутилитис“ и „Акта ЕЛ“
Од „Макпетрол“, пак, соопштија дека како општествено одговорна компанија се јави на тендерот на ЕСМ Продажба заради заштита на државниот Буџет, кој со последните два тендера за набавка на гас за јануари и февруари беше оштетен од државната компанија ЕСМ, бидејќи беа склучени договори поради кои државата во овие два месеца плаќаше за овој енергенс и до 70 отсто повисока цена од берзанската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.