СДС да ја напушти играта на обвинувања кој е поголем паразит.Енергетскиот систем е пред колапс, а директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и директорот на МЕПСО Орхан Муртезани земаат плата по 1700 евра месечно плата.За четири години овие владини функционери, паризити во општеството само основ на плата ќе земат вкупно 163.200 евра, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Додека бројот на сиромашни секојдневно расте, над 500.000 граѓани живеат со по 150 денари на ден, фирмите се затвораат, а бројот на отпуштени работницо се зголемува, Ковачевски и Муртезани живеат во луксуз.

Цената на неспособноста на Ковачевски и Муртезани ја плаќаат граѓани, додека тие живеат на грбот на народот, граѓаните живеат во беда.

Единствена заслуга на паразитот Ковачевски и пазаритот Муртезани е недостиг на електрична енергија и скапа струја за стопанството и домаќинството.

И директорот на национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи е паразит, кој од државата месечно зема по 1.300 евра или за четири години директорување ја чини државата и граѓаните 62.400 евра, а никој не знаае ниту што работи, ниту која стратегија ја понудил за излез од енергетската криза.

Државата тоне, Македонија плаќа најскапа електрична енергија бидејќи власта е неспособна, а високи владини функционери се богатат.

Има богати владини паразити, а сиромашен народ.

Ова расипништво мора да престане. Потребни се промени.

СДС да прифати предвремени парламентарни избори за народот да може да одлучи дали сака да има владини паразити кои не работата ништо, а земаат плата и живеат во луксуз или сакаат влада на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе го подобри животниот стандрд и ќе понуди излез од енергетската и економската криза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.