Автопатот што ќе се гради од Скопје до близина на граничниот премин Блаце ќе чини 186,7 милиони евра за изградба на делница од 10 километри. Ова е наведено во јавниот повик (тендерот) објавен од јавното претпријатие „Државни патишта“ на својата интернет страница, објави Фактор.

Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата, додека проектот ќе биде кофинансиран со 20,8 милиони евра инвестициски грант обезбеден од Европската Унија (ЕУ) преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.