Од денеска, детските градинки во општина Валандово се бесплатни. Оваа мерка која беше изгласана од Советот и важи за сите деца од општината.

Со ова се поттикнува на поголема вклученост на децата во воспитно – образовниот процес и ја зајакнува солидарноста, како вредност во која веруваме, велат од Советот на општина Валандово.

Инаку, оваа новина ја соопшти градоначалникот Перо Костадинов, преку својот Фејсбук профил пред три недели.

„Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово“, напиша тој.

Костадинов информираше дека општината целосно ќе ја покрие родителската партиципација со средства од буџетот на oпштината, а од Буџетот на општината се очекува да бидат издвоени околу 3 милиони денари, односно да биде покриена партиципацијата за сите 270 деца деца кои месечно ќе се згрижуваат во двете градинки во Валандово и Јосифово.

Според Костадинов, целта со оваа мерка е да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне солидарноста во заедницата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.