Со автобус во четвртиот квартал лани биле превезени 11 166  000  патници, што е намалување за 12,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот,  бројот на превезени патници е зголемен само во меѓуградскиот превоз, за 2,9 проценти, а намален во градскиот превоз за 16,1  процент, во приградскиот за 9,9 проценти и за 14,6 проценти во меѓународниот превоз.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 38,5 проценти.  Во градскиот превоз е намален за 87,8 проценти, во приградскиот за 63,2 проценти, во меѓународниот за 6,7  проценти, а зголемен е за 4,6 проценти во меѓуградскиот превоз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.