Оттаму бараат итна средба со Владата и Регулаторната комисија за енергетика за да се најде начин како компаниите да се справат со големите трошоци поради скапата струја.

Според претседателот на комората, Бранко Азески, ЕСМ нема капацитет да ги задоволи потребите и на граѓаните и на фирмите и затоа предлага сет мерки со кои ќе се стават сите капацитети во функција.

„Ако во ваква ситуација ние бараме решение и за парното греење и на помошта на компаниите на зголемување на производството, тоа едноставно во овој момент ЕСМ не може да го издржи. Да се одложат ремонтите во РЕК Битола, да се направат напори сите изградени фотоволтаици да се стават во функција.“- Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.

Азески со критика и за Народната банка. Смета дека премногу е фокусирана на задржување на стабилноста на курсот на денарот а помалку за состојбите во реалниот сектор.

„Ние имаме чувство дека изминатиов период НБРМ ја протежираше само едната обврска за зачувување на курсот, не водејќи сметка за состојбите во реалниот сектор. Така можеме да се доведеме и сме предупредиле дека може да дојде до ситуација операцијата да биде успешна а пациентот мртов.- Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.

Комората оценува дека и по 30 години државава нема воспоставено конципирани и издржани мерки. Затоа, според неа, економијата е забавена, бизнисот тапка во место и расте ризикот од преголемо задолжување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.