На денешната седница на Владата донесена е одлука за Координативно тело за подобрување на институционална координација за преземање мерки за справување со африканската чума кај свињите.

-Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за состојбата за појавата и ширењето на африканската чума кај свињите и усвои Одлука и решение за формирање на Координативно тело за подобрување на институционална координација за преземање на мерки за справување со африканската чума кај свињите, се вели во соопштението од Владата.

Надлежните институции, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство, како и министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за финансии, беа задолжени, а на Заедницата на единиците за локална самоуправа им беше препорачано да ги спроведуваат сите мерки за справување со африканската чума кај свињите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.