Поради неуспешниот трипартитен дијалог, како што се вели во соопштението, помеѓу Управниот одбор на Пошта на Македонија, Владата и синдикатот на поштата како и нереализирање на барањата на вработените, поштарите најавија генерален штрајк за 14 април.
Причините се неизвесната иднина на над 2200 вработени и иднината на компанијата, како и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, и неоствареното барање за линеарно зголемување на платите од 3.000 денари.
Вработените тврдат дека платите не им се зголемени повеќе од 30 години. Бараат итно линеарно зголемување на платите за 3000 денари, гаранција за зачувување на работните места, редовна плата и нова систематизација.
За време на штрајкот работата на акционерското друштво ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.