За три денари се намалува дизелот, а за денар ипол Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Се намалува и малопродажната цена на мазутот за 1,082 ден/кг и сега ќе изнесува 50,391 ден/кг.

Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети.

Согласно најновата одлука на РКЕ, од полноќ Еуроспер БС 95 ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 за 87 денари за литар, дизелот за 92 денари/литар, а Екстра лесно масло за домаќинство за 89 денари/литар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.