Претседателот на ССМ, Дарко Димовски вечерва гостуваше во живо во вестите на ТВ21.
Тој посочи дека ќе има минимална плата, како и скалесто покачување на сите плати согласно членот 8 од Законот за минимална плата каде се вели дека доколку се накачи минималната плата, истите плати треба да се усогласат.
„За жал не гласаа сите. Владата и Сојузот на синдикати на Македонија беа за, додека работодавачите гласаа воздржано“, порача Димовски.
Според него, 18 илјади не е голема плата, но тие мора да се раководат според анализите и потребите, како и тоа што го кажува потрошувачката кошничка, која во моментов изнесува 35.040 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.