Замрзнувањето на цените без поддршка од владата кон производителите, и во исто време што е многу клучно едно предвидливо економско опкружување ни дава резултати какви што ни дава во континуитет пораст на цените, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Димитриеска Кочоска потенцираше дека ако се погледнат податоците од Државниот завод за статистика уште од минатата година цените на лебот и житата почнале да растат.

Минатата година бидејќи ги зборуваме лебот и житата, ако ги погледнеме податоците на Државниот завод за статистика ќе видиме дека нема месец во кој тие цени не растат. Ама она што е многу интересно посебно во месеците септември, октомври и ноември, тогаш имаме ненормално зголемување на цените во однос на сите претходни месеци. И сега се поставува прашањето зошто е тоа така? Кога компанијата си прави продажна цена, таа во исто време значи ги вкалкулира сите трошоци и таквите од тоа непредвидливо економско опкружување, и во тој период ако се сеќавате имавме ситуација кога зборувавме за даночната реформа, објасни таа.

Потпретседателката Димитриеска Кочоска истакна дека инфлацијата во Македонија започнала уште во 2020 година во месец август, но енормно се зголемила последните месеци.

Инфлацијата кај нас и на лебот и на се, не почнува од 2021 година, туку почнува во 2020 година ако повторно ги погледнете повторно податоците од Државниот завод за статистика и ќе видите дека веќе во месец август инфлација во Македонија има, но не е толку висока како што после тоа почнува да расте, додаде Димитиреска Кочоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.