Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриевска Кочоска денеска во Облешево истакна дека им пружаат поддршка на оризопроизводителите кои протестираа.

– Земјоделците имаат право што се чувствуваат изневерено, не е тоа случајно, оваа влада во континуитет со години зборува и ветуваше дека ќе имаат сигурен откуп, сигурен пласман, сигурни цени, а денес имаме ситуација каде што одредени моќници кои што ги нарекуваме нели „откупупувачи“, блиски до власта заработуваат на грбот на напатените, значи земјоделци, чесни земјоделци кои што со пот и труд се трудат да ги произведат оние производи кои што во исто време и поготово во оваа голема економска криза нели треба да ги обезбедиме заради тоа што навистина ќе имаме една тешка и пред нас ни престои една тешка зима, вели Димитриеска-Кочоска.

Нагласи дека како партија бараат итна рекација од владата.

-Бараме и реформи, ако имаше 100.000 евра да се потрошат точно во оваа криза за некакви прослави кои што во овој момент се безначајни веднаш да реагираат и да излезат со поддршка на земјоделците, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.