Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати.
Предусловите се исполнети, изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.
Вчера, РКЕ ја намали цената на Еуросупер БС-95 за 2,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 2 денари. Цената на дизелот и на мазутот остана непроменета.
Според последните цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 чини 98,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по цена од 101 денар. Цената на дизел горивото е 100 денари за литар. Непромента останува и цената на мазутот – 50,044 денари за килограм
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.