Стопанската комора во соработка со Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје на заедничка иницијатива денеска организираат Македонско-австриски бизнис-форум.

Основната цел на Бизнис-форумот, како што информираа од Комората, е да се поттикне заедничката соработка меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции и компании, од областа на патната и железничката инфраструктура, со можност за видливи, применливи и практични решенија.

Со цел интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Австрија, на Форумот свое обраќање ќе имаат претставници од државните институции, кои ќе ги презентираат актуелните и идни проекти од патната и од железничката инфраструктура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.