Американската централна банка (FED) ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени за да ја забави инфлацијата. Во исто време, проценките за економскиот раст се намалени, но не и стравувањата од рецесија. Сето ова резултираше со остар пад на цената на нафтата. Американскиот WTI индекс падна од 123 долари за барел (цена на 14 јуни) на 109 долари за барел (19 јуни). Исто така, нафтата Брент падна од речиси 125 долари за барел на 113 долари. Проценките се дека цените ќе продолжат да паѓаат.

Денес се очекува новата одлука за цените на нафтените деривати на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Да се надеваме дека конечно ќе видиме и намалување на цените на дизелот и бензините на бензинските пумпи во Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.