Министерот за економија, Крешник Бектеши уверува дека Владата ќе направи се што е во рамки на нејзините надлежности, да нема поскапување на струјата за домаќинствата, а ќе има намалување за малите потрошувачи, за микро и малите компании.
Бектеши вели дека е убеден дека ќе има намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи на регулираниот пазар и дека веќе се обезбедени средства за тоа.
Што се однесува до конечната одлука за цената на струјата на регулираниот пазар по 1 јануари, Бектеши рече дека тоа е работа на РКЕ која веќе ги прави пресметките. Тој додаде дека им се познати податоците, како нему така и на премиерот и владиниот кабинет, но заврши велејќи дека посакува самата РКЕ да излезе со конечните податоци!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.